Станува збор за услуги, кои се различни за различни претприемачи и бизниси. Услуги кои се разликуваат во однос на потребите на еден претприемач во однос на друг претприемач. Иако тука се наведени 3 основни вида на услугите кои ги нудиме, сепак најдобро е да не контактирате за да може да ја знаеме вашата потреба и да понудиме уникатно решение согласно вашите и потребите на вашиот бизнис.
СТАРТАП
Размислуваш да започнеш бизнис. Можеби имаш, можеби немаш бизнис идеја! Потребен ти е јасен патоказ како за развој на идејата, така и за успешно стартување на бизнисот. Ќе ти помогнеме заедно да развиеме соодветен бизнис модел кој ќе го преточиме во квалитетна стратегија која ќе ги постави клучните прашања за твојот стартап и секако бизнис план кој ќе одговори на клучните прашања за започнување на твојот бизнис.
По ова доволно е само да ги следите чекорите дефинирани во планот и нема промашување.
ПОДОБРУВАЊЕ
Доколку веќе имаш бизнис, имаш проблеми кои бараат решение или пак сакаш да го подобриш твојот бизнис преку развој на нови производи и услуги или на постоечката понуда тука сме да ти помогнеме. Врз основа на анализа на твоите бизнис перформанси, како актуелниот бизнис модел, ќе изработиме нова подобрена верзија на твојот бизнис модел, со стратегија која ќе даде одговор на клучните прашања на кои твојот бизнис треба да се насочи во иднина.
Со помош на планот за спроведување едноставно ќе имплементираш се што ќе биде испланирано.
ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
Можност за тебе и за твојот бизнис е креирање на персонализирани витамини за зголемување на бизнис потенцијалната енергија во твојот бизнис. Како резултат на тие твои потреби ќе креираме е-книги, видео презентации, совети, насоки или алатки за зголемување на бизнис потенцијалната енергија на твојот бизнис. Освен вакви материјали овие витамини може да се изведат и преку обуки еден на еден или на повеќе во твојата компанија.
Со помош на овие материјали ќе бидеш во можност да ги добиваш најновите практични и научни бизнис практики.