#3: Се започнува со твојата
визија
Ова е третиот дел од 10 неделниот курс во кој целта е да ги увидиш недостатоците на традиционалниот начин на започнување и водење на бизнис.
Да, токму така се започнува со твојата визија. Таа е виновна што ти ќе се најдеш во една стартап фаза на твојот бизнис.
Значи ти си претприемач. Забележуваш можност. Можностите постоеле и ќе постојат секогаш бидејќи светот е далеку од перфектност, се може да се подобри и сета таа неперфектност и простор за подобрување претставуват можности да се изгради некаков вид на бизнис.
Секогаш кога ќе видиш проблем кој едноставно ги поттикнува луѓето да врескаат за наоѓање на решение, или пак желби кои бараат исполнување треба да се доволен знак дека тука можеш да најдеш простор за садење на семето за твојот стартап (прв или во склоп на веќе постоечки не е важно).
Што е всушност можноста?
Но, можноста со која се започнува бизнис не е заради тоа твојот живот да се олесни или подобри (иако ова е неминовно доколку си на вистинскиот пат).
Можноста е нечиј друг живот да олесниш или да го направиш подобар. Тој некој друг е твојот потенцијален купувач.
Ова значи да се служи на нивните желби како никој што не им служел досега. Само тогаш кога ќе успееш во оваа, ќе имаш се што ќе посакаш.
Но, за да ги видиш вистинските можности за тебе и за твојот стартап треба да бидеш визионер. Да имаш визија за тоа како ќе изгледа животот на твојот потенцијален купувач во иднина.
А, тоа воопшто не е лесно.
За препознавање на вистинските можности ќе:
- треба да имаш визија како за твојот бизнис така и за твоите потрошувачи,
- треба да знаеш дека ни самите потрошувачи не се свесни целосно за она што точно го сакаат,
- треба да бараш начини постојано да слушаш од секаде околу твојот бизнис,
- треба да бидеш аналитичен и
- треба да бидеш систематичен.
И тоа не е се, но сепак доволно да ти помогне на твојот пат кон успешноста.
Визија не е копија
Визијата не претставува копија на она што во моментов се случува. Визијата треба да биде уникатна, да биде близу до потенцијалните купувачи, да ги знае приближно насоките на нивните потреби, желби, соништа, авантури, фрустрации…
Она што често пати кај нас се случува е дека се започнува без визија. Без визија за вистинската можност.
На пример, ќе започнеме стартап салон за убавина бидејќи е хит и многу веќе започнуваат. Овој начин на размислување е кај повеќето претприемачи. Добро тука следува и комбинација на добар маркетинг и успехот е загарантиран. Многу неточно.
Иако нешто што е хит и нешто што се започнува од повеќе претприемачи е добар знак дека постои пазар за такво нешто, сепак не е доволно за да ја намали неизвесноста за твојот стартап или пак да го лансира твојот бизнис на патот кон успешноста.
Потребно е да додаеш визија, визија која ќе обезбеди дека одиш на патот да им го олесниш животот на потенцијалните купувачи како што никој досега не го направил тоа.
Но, купувачот не е свесен за вистинските потреби
Забележувате дека ги комбинирам често зборовите визија и можност. Зошто?
Затоа што едно без друго не можат. Традиционално се вели дека треба да препознаеш можност. Па потоа врз основа на анализа и истражување да креираш визија за твојот бизнис.
Забележи дека се вели за твојот бизнис. Но, проблемот е што можноста не е сигурна. Не е сигурна затоа што како што неколку пати напоменувам ни потрошувачите не се сигурни што точно им треба сега или пак што точно ќе им треба утре. Затоа можностите се комбинираат со визијата која треба да го претстави потенцијалниот купувач во иднината.
На пример, често ми се случува кога разговарам за информативен систем во бизнисот со претприемачот тој е презадоволен со тековното решение што го има. Но, проблемот со едно такво задоволство не е затоа што тој е незадоволен со тоа решение, туку затоа што тој е задоволен што многу други фирми го користат истото решение. Кога му побарам податоци во одредена форма, добивам одговор дека системот не му обезбедува такви податоци. Значи и самиот тој бизнисот ги базира на погрешни претпоставки бидејќи е ограничен со тековното решение што го има. Но, штета што не е ни свесен за неговите вистински потреби. Доколку си развивач на софтвер за мали бизниси еве ти вистинска можност за тебе.
Од друга страна пред две години имав можност да бидам на една презентација во една поголема компанија која исто така нуди ИТ решенија за бизнис заедница. И се беше ОК со оние основните податоци, но јас сакам повеќе. Од нивната презентација се префрлив на моја каде им посочив она што е потребно сега за мене, а за многумина ќе биде потребно утре. Одговорот беше дека воопшто не размислувале за такво нешто и дека навистина можат да имплементираат такво решение. Но, од друга страна доколку нивните купувачи не им бараат одредени крактеристики тие не може да знаат што да имплементираат. Но, доколку сакаат да успеат и надвор од Македонија (често пати слушам дека треба вака или онака да правиме за да излеземе надвор) мора ваквите компании да се научат да го слушаат купувачот, и освен слушање да го едуцираат за нивните вистински потреби за да му ја поттикнат визијата.
Да се префрлам на светски пример, Apple. Дали денес би живееле во благодетите на iPod, iPhone, iPad или iTunes доколку Apple (или веќе починатиот Steve Jobs) немале визија која ја комбинирале со можноста. Секако дека не.
Дали голем број на луѓе биле свесни за потребата на нешто како iPod. Не, воопшто не освен некои early adopters. Дали некој од нас имал потреба од iPad. Исто така не, живеевме и пред него, живееме и со него. Но, самата компанија со препознаена можност и квалитетна визија ја креира нашата потреба. На пример, денес неможам да го замислам животот без iPad. Да си ме прашал пред една година дали имам потреба за такво нешто веројатно би ти одговорил со не.
Визијата ти кажува што ќе биде, но…
Да, твојата визија ќе ја отслика иднината на твојот бизнис и твојот потенцијален купувач. Но, сепак и таа визија кога станува збор за стартап се базира на претпоставки и верувања.
Таа ти кажува дека за X години твојот бизнис ќе биде Y, а твоите потрошувачи ќе сакаат Z.
Но, што ако реалноста е поинаква. Што ако за A години твојот бизнис ќе биде B, а твоите потрошувачи ќе сакаат C.
Ова значи дека и твојата визија се базира на одредени претпоставки, но доколку сакаш да продолжиш и твојот стартап да го претвориш во вистински бизнис со висок потенцијал ќе мора тие претпоставки да ги прилагодуваш да бидат колку што може поблиску до реалноста. Тоа е задачата на еден стартапп и еден претприемач постојано.
Твое мислење…
Што мислиш за овие основни грешки за стартап бзиниси? Си ги поминал ли за тебе и за твојот бизнис?
Имаш ли некој посебен проблем за кој ти треба решение, насока совет?
Тука сме за тебе и да ти помогнеме да го пронајдеш и цврсто застанеш на вистнскиот пат. Слободно контактирај не за да подготвиме уникатен предлог за тебе, тоа е бесплатно.
Дојди до целиот серијал…
Доколку си пристигнал до оваа стране преку споделување на линк од твој пријател или преку социјални медиуми, зошто да не го добиеш целиот серијал. Тој е бесплатен и се однесува за сериозни претприемачи без разлика дали се во фаза на започнување на бизнис или пак веќе водат сопствен бизнис.
Не пропуштај го целиот серијал, ќе има многу бонус едукации, е-книга за човечки потреби и желби и многу изненадувања во иднина.
Едноставно во формата подолу (делот: Што можам да направам?) доволно е да го внесеш твојот email и се наоѓаш на вистинскиот пат.