Консултации за трансформација на твојот бизнис
Моделирање на твојот бизнис (Изработка на бизнис модел) преку барање на одговор на повеќе од 100 прашања.
Дизајн и развој на стратегија со која твојот бизнис ќе биде подготвен за идните предизвици и во согласност со најновите парктични и теоретски сознанија за претприемништвото.
Планирање на твоите бизнис активности преку изработка на бизнис план кој едноставно не може да се промаши да не се спроведе. А, најдобриот бизнис план не е голем бизнис план, не е ниту печатен во боја, не е ниту полн со графици.. Најдобар бизнис план е оној кој ќе се спроведе во целост во предвиден рок.
Подобрување на твојот бизнис во сите аспекти на работењето со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста на твојата компанија. Сигурно сакаш да постигнеш повеќе со помал труд!
Како дел од интернет маркетинг го анализираме твојот веб сајт или блог и даваме предлози за подобрување кои барем од досегашните искуства ја зголемуваат посетеноста од 300-500%. Ова е поради фактот што веќе две години создаваме лабораторија за проучување на влијанието на различните фактори врз пребарувачите.
Доколку пак планираш бизнис блог кој во голем дел се разликува од оној бизнис модел блогирање, техничкиот дел е најмал проблем. Застануваш на тоа и што потоа? Што да објавувам? На колку време да објавувам? Кој јазик да користам? Од каде идеи? Како да ги оптимизирам постовите? И безброј други прашања те мачат. Нема проблем! Тука сме за тебе од самиот дизајн на целиот систем (не техничкиот дизајн) преку анализа на клучни зборови, категории, бреинсторминг на наслови, па дури и целосна изработка на постови за твојот бизнис блог (не крадени, не преведени, туку уникатни само за твојот бизнис).
За да можеме да ви ја обезбедиме најдобрата консултантска услуга потребно е само да не контактирате и да го опишете вашиот проблем.
Останатото го превземаме ние!
Обуки за зголемување на бизнис потенцијална енергија
Сигурно сакаш постојано да го зголемуваш сопственото знаење, а со тоа и сопствената бизнис потенцијална енергија која ќе ја трансформираш во севкупната бизнис потенцијална енергија.
Често пати како проблем ти се јавува времето, можеби високата цена на семинари, или пак едноставно преголем избор и не знаеш за што да се одлучиш.
Сакаш да го имаш она што во моментов ти треба, без дополнителни сморувања и без временски огрничување во однос на ден, распоред итн. Нема проблем.
Го дизајниравме премиум претприемач, виртуелен консултант за твојот бизнис во 9 модули или 54 недели. Секоја недела по една презентација, алатки за таа недела и што треба да направиш. Освен тоа, премиум претприемач е поддржан со вебинари на две недели кои обработуваат теми за твојот бизнис и кои како премиум член ќе можеш да ги следиш кога сакаш и од каде сакаш само доколку имаше интернет конекција.
Персонализирани обуки дизајнирани согласно твои потреби кои може да бидат во било која форма која ќе ја посакаш (е-книга, видео презентација, еден на еден консултација или пак еден на повеќе предавање).
За да можеме да ви ја обезбедиме најдобрата консултантска услуга потребно е само да не контактирате и да го опишете вашиот проблем.
Останатото го превземаме ние!
Мора да напоменеме, никогаш нема да биде изнајмена, прикажана, дадена или споделена информацијата која тука ја оставаш со било кој заради било која причина.