#2: Стартап грешки
кои треба да се избегнат
Ова е вториот дел од 10 неделниот курс во кој целта е да ги увидиш недостатоците на традиционалниот начин на започнување и водење на бизнис.
Минатата недела зборувавме за процес на традиционално управување со стартапите. Оваа недела ќе навлеземе малку подлабоко во самиот стартап и секако некои грешки кои традиционално и често се прават од претприемачите и менаџерите.
Минатата недела кажавме дека:
Стартап е креација на нешто ново, на нешто засега непостоечко, на нешто што креира вредност, но во услови на голема неизвесност за иднината на тоа нешто.
1. Неизвесност
Она што е значајно од оваа дефиниција на еден стартап е што секој се раѓа и функционира во една навистина голема неизвесност. Но, што е поврзано со неизвесноста кога станува збор за еден стартап?
- неизвесноста е секогаш опасна бидејќи носи ризици,
- неизвесноста е обратно од предвидливоста,
- неизвесноста носи фрустрации како за претприемачот така и за целиот тим во тој стартап,
- неизвесноста е причина за појава на отпор кон потребни промени во самиот стартап,
- но неизвесноста може да се управува (менаџира).
Неизвесноста не е грешка за претприемчот, но неизвесноста како главна карактеристика на еден стартап има голем потенцијал да предизвика грешки и тоа кобни грешки за бизнисот во иднина.
Она што мора да го запомниш е последната точка која вели дека неизвесноста може да се менаџира. Не можеш да ја елиминираш, но затоа можеш да ја менаџираш за да успееш побрзо да излезеш од таа стартап фаза во која неизвесноста е неизбежна.
Затоа треба да имаш производ кој ќе се продава во доволна количина за надминување на стартап проблемите на твојот бизнис.
2. Перфекционизам
Перфекционизмот е добра работа, но кога станува збор за еден стартап може да биде кобен. 90% од претприемачи не излегуваат од стартап фзата само поради тоа што постојано мислат дека производот или услугата не се доволно добри за да се донесат на пазарот.
Како перфекционизмот станува голем проблем за стартап?
- Го зголемува самиот процес на стартап со што се влегува во еден постојан циклус на подобрувања без да се почувствуваат резултатите.
- Со зголемување на времетраењето на процесот се зголемува и времетраењето на големата неизвесност околу самиот стартап.
- Доведува до конфузна ситуација па и конфликтна особено помеѓу развојната и маркетинг функција.
- Перфекционизмот е насочен во погрешна насока кон она што ти мислиш дека е префектно без да обезбедиш доказ дека тоа е она вистинското.
- Перфекционизмот води кон погрешни претпоставки кои ќе се користат во твојот бизнис модел и подоцна во бизнис планот.
Ова се доволно иако не се исцрпени сите недостатоци на перфекционизам кога станува збор за стартап.
3. Вистинска причина за постоење на стартапот
Зошто се раѓа еден стартапт? Која е основната цел на постоење на еден бизнис?
Погрешни одговори на овие прашања се опасности кои доведуваат еден стартап да не успее да преживее на пазарот.
Често може да се слушне дека целта на стартапот е задоволување на потрошувачите. Може да се слушне и дека целта е профитот.
Но, сепак ваквото поставување на темелите на еден стартап е сосема погрешно.
Во литературата често се обработува примерот со Железниците во САД.
На времето тие биле едни од најмоќни и најбогати компании кога оваа индустрија (железнички транспорт) била во бум. Тие сопствената причина за постоење, односно целта ја поставиле како поседување и менаџирање на железнички пруги.
Како причина можеби изгледа ОК, но сепак ова е нешто што ќе биде кобно за тие компании подоцна кога ќе се појават нови видови на транспорт кои се поефикасни, побрзи и поевтини. И тогаш овие компании си се држеле до нивната основна причина за постоење.
Но, во таа причина недостасува едно нешто. Нешто многу важно за опстанок на еден бизнис. Нешто што претставува основен двигател како на еден стартап така и на самиот бизнис во подоцнежните фази од постоење. Тоа е потрошувачот, купувачот, кориснико…
Целта на постоење на секој бизнис (така и на секој стартап) треба да се дефинира преку призма на потрошувачот, а не на пазарот, индустријата, производот или пак услугата.
Доколку овие железнички компании целта за сопственото постоење ја дефинирале како: транспорт на луѓе и стока преку подолги релации на најдобар начин со најдобри цени, можеби би опстојале и денес бидејќи навремено ќе го прилагодиле нивниот бизнис модел и севкупниот бизнис кон нивната основна цел на постоењето.
4. Повеќето претприемачи се „вљубуваат“ во погрешни работи
Многу претприемачи (слободно може да се каже повеќето) се вљубуваат во сосема погрешни работи. Ова значи дека тие се импресионирани од самите себеси, стануваат еден вид на егоисти. Тие се вљубени во својата компанија, во сопствените производи или услуги наместо да се вљубат во нивните потрошувачи и потенцијални потрошувачи.
Целокупниот твој бизнис ќе се промени во онаа вистинсата насока доколку се нсочиш во интеракција и подобрување на животите на другите луѓе и другите компании.
Ти мислиш дека имаш супер бизнис, имаш супер производ, имаш супер карактеристики на производите, имаш супер корисности за потрошувачите… Но, доколку твоите потрошувачи не кажат дека сето тоа е супер за НИВ, не за тебе, ти си тој кој губиш.
Што е со твојот вложен труд за градење на твојот супер бизнис, супер производ, супер карактеристики на производите, супер корисности за потрошувачите…? Вреди ли? Можеби токму сега е време да се запршате за овие работи.
5. Случајности наместо докази и факти
Многу стартап компании целосно го базираат сопственото функционирање и развој на случајности без соодветни факти и докази.
На пример, тргнуваме со претпоставка дека пазарот сака Х производ со Y крактеристики кои овозможуват Z корисности.
Но, од каде една ваква претпоставка или хипотеза. Таа е многу значајна за дефинирање на твојот бизнис модел, па потоа и твојот бизнис план кој ќе биде твојот патоказа за тоа што треба да правиш во иднина.
Што ако навистина пазарот сака А производ со B карактеристики кои овозможуваат C корисности? Целиот твој стартап ќе биде промашена инвестиција.
Иако знаеме дека неизвесноста е клучна карактеристика за стартап сепак постои можност на научна основа со помош на статистички методи и техники да се дојде до приближување на X кон Z, Y кон B и Z кон C.
Ова значи дека секој стартап започнува врз база на одредени претпоставки, но доколку сакаш да продолжиш и твојот стартап да го претвориш во вистински бизнис со висок потенцијал ќе мора тие претпоставки да ги прилагодуваш да бидат колку што може поблиску до оние кои пазарот навистина ги очекува. Тоа е задачата на еден стартап.
6. Користење на погрешни методи и техники
Ти до гуша си навлезен во работењето на твојот стартап. И нормално, пробуваш, грешиш, анализираш, подобруваш. Тоа е нормално. Но, подобрувањето зависи од вистинските анализи и резултати од тие анализи.
Различни стартапи може да користат различни техники на анализи и презентации на резултатите од тие анализи. Но, многу често една техника на презенатација на исти податоци ќе биде корисна за еден вид на стартап додека за друг може да претставува сосема погрешно разбирање на резултатите.
Оваа сосема погрешно разбирање на резултатите (иако точно) може да доведе до сосема порешни претпоставки на кои ќе го базираш твојот бизнис модел, а со тоа и на бизнис планот и целосно погрешни идни чекори на твојот стартап.
Ова се 6 најчести грешки кои може да имаат кобно влијание за твојот бизнис. Тие не се конечни, но сепак слободно можеме да кажеме дека овие претставуваат повеќе од 50% причини за неуспех на твојот стартап.
Твое мислење…
Што мислиш за овие основни грешки за стартап бзиниси? Си ги поминал ли за тебе и за твојот бизнис?
Имаш ли некој посебен проблем за кој ти треба решение, насока совет?
Тука сме за тебе и да ти помогнеме да го пронајдеш и цврсто застанеш на вистнскиот пат. Слободно контактирај не за да подготвиме уникатен предлог за тебе, тоа е бесплатно.
Дојди до целиот серијал…
Доколку си пристигнал до оваа стране преку споделување на линк од твој пријател или преку социјални медиуми, зошто да не го добиеш целиот серијал. Тој е бесплатен и се однесува за сериозни претприемачи без разлика дали се во фаза на започнување на бизнис или пак веќе водат сопствен бизнис.
Не пропуштај го целиот серијал, ќе има многу бонус едукации, е-книга за човечки потреби и желби и многу изненадувања во иднина.
Едноставно во формата подолу (делот: Што можам да направам?) доволно е да го внесеш твојот email и се наоѓаш на вистинскиот пат.